Македонската фудбалска репрезентација до 19 години, после подолг период го одигра првиот контролен натпревар.
Вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски“ избраниците на Шкумбин Арслани спарингуваа со екипата на Тиквеш, која е дел од втората македонска лига. Подобар беше тимот на Тиквеш, кој славеше победа со резултат 1:3.
Во стартниот состав на Македонската селекција се најде еден играч од Академијата на Вардар, се работи за Виктор Крстевски, додека во игра во второто полувреме влегоа Мартин Радуловиќ-Величковиќ, Фисник Салиу и Филип Андоновски.
На 15.август, Македонија У19 ќе одигра контролен дуел и со екипата на Шкендија.
Фото: Sportmedia.mk