Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Калц “газат“. Денес со победата во Гостивар стигнаа до 7/7 во лигата
Младинците на Калц “газат“.  Денес со победата во Гостивар  стигнаа до 7/7 во лигата

Младинците на Калц “газат“. Денес со победата во Гостивар стигнаа до 7/7 во лигата

Денеска на теренот со вештачка трева до Градскиот стадион во Гостивар одигравме заостанат дуел од лигата за младинци. Црвено-црните младинци , избраниците на Љубчо Марковски -Калц во дуелот со врсниците од фудбалскиот тим Гостивар однесоа висока победа со резулат 0-7 (0-3). Тренерот на теренот истрча со следнава постава: Трајчевски, Тодороски, Ричков, Исмаил, Тодоровски, Димков, Додевски, Беќири, Димитровски, Даци, Најдоски.

Од клупата своја прилика денес добија и следнивем момци Стојчевски, Папучиев, Џуклески, Хамзиќ.

Првото полувреме почна со стандардно наша иницијатива, овој младински состав на фудбалскиот клуб Вардар досега незнае за пораз во оваа сезоната победувајќи во првенството и купот. Првиот гол дојде преку Александар Најдоски кој постигна гол за 0-1 и ја начна мрежата на домаќините. Потоа стрелавме во продолжение преку Берат Исмаил кој зголеми на 0-2. По овој гол нашите нозе станаа лесни, а домаќините веќе почнаа да се подготвуваат за неповолен исход. Тога до крајот на првиот дел го искористува Ердон Даци кој се враќа од повредата и дебито во првиот тим со гол за младинците. Со резултат 3-0 се иде на одмор на мечот во Гостивар.

Дарко Додевски  денес повторно погоди!

Дарко Додевски денес повторно погоди!

Вториот дел почна како што заврши и првиот со вардарова доминација, целосна контрола на топката и играта, апак домаќинот беше целосно во подредена положба. Тие играа “бункер“ обидувајќи се да казнат од контра и прекини сепак тоа не им успеаваше. Играчот кој со гол го затвори првиот дел Даци Ердон со гол за 4-0 го отвара вториот  дел од мечот. На сцена стапува во продолжение Додевски Дарко кој очигледно вледува во голјетерска форма бидејќи постигна гол пред три дена во Купот, тој стрела за “петарда“ 5-0.  Сепак и покрај “петардара“ нашите момци продолжија да ја полнат мрежата на гостиварчани, следен кој беше Едис Хамзиќ кој стрелаше за 6-0. Веќе овде се виде дебакалот на гостиварчани,   нашите момци доминираа и беа сигурни на теренот и покрај  неколкуте измени од клупата кој ги повлече Марковски во вториот дел. До крајот сепак постигнавме уште еден седми гол, погодок за 7-0 што се покажа како последен гол денес го постигна Папуџиев Ристе. Младинците на Вардар со оваа победа  се наоѓаат во серија од седум победи во лигата и две во купот на Македонија.