Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преспа без шанси за разиграните кадетки на Вардар СЦЈС, кои ја забележаа треттата последователна победа
Преспа без шанси за разиграните кадетки на Вардар СЦЈС, кои ја забележаа треттата последователна победа

Преспа без шанси за разиграните кадетки на Вардар СЦЈС, кои ја забележаа треттата последователна победа

Нова победа вкупно третта од исто толку одиграни кола за кадеткит на Вардар СЦЈС. Тие денес во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански убедливо ја совладаа екипата на Преспа од Ресен, со резултат 40:17.

Натпреварот со погодок го отвори Бојана Диневска за водство од 1:0. Својот прв гол противникот го постигнува во 4 минута, а во следниот период следи серија на Вардарки од 4:0 за веднаш да се одлепиме на резултат 6:1. Во овој период, расположена за игра беше Анастасија Нелоска, додека на голот ја имавме одличната Јована Мицевска. Како одминуваа минутите, нашиот состав полека но сигурно ја зголемуваше предноста. Разликата во квалитет беше очигледна на теренот, па голем број од погодоците во првиот дел беа постигнувани преку контра-напади. Со голот на Нелоска во 18 минута стигнуваме и до двоцифрена предност. До крајот на првиот дел го зголемувавме водството, за на одмор да заминеме со предност од 18:7.

vardarfans-pobeda

Првиот гол во второто полувреме му припадна на гостинскиот тим. Следуваа минути, кога двете екипи постигнаа по два гола во серија. Сепак при резултат 20:10, следи серија на Вардар од четири последователни гола, за веќе високи 24:10. Во 42 минута од мечот Ива Цветковска погодува за предност од 26:11. Следува мала криза во нашата игра, дозволувајќи и на Преспа да направи 0:4 и при наше водство од 29:12 да намали на 29:16. Сепак брзо ги консолидираме нашите редови и враќаме на поубедлив начин, за веќе водство од 36:16 во 53 минута од натпреварот.Тренерот Анжела Платон им даде шанса за настап на сите ракометарки кои беа на располагање. Свои минути на голот добија и Викторија Сандева и Елена Бабунска. На пет минути пред крајот веќе имавме водство од 38:16, така што последните минути беа само одбработување на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 40:17.

Убедливо најефикасна беше Анастасија Нелоска која постигна 11 голови. Ива Цветковска беше стрелец на 6 погодоци, додека Бојана Диневска и Јована Величковска додадоа по 5.

Вардар СЦЈС: Бабунска, Ивановска 4, Дамовска 1, Паланковска, Танчева 3, Нелоска 11, Величковска 5, Мицевска, Атанасова 3, Трпевска 1, Митровска, Стојчевска 1, Трајкова, Диневска 5, Сандева, Цветковска 6.