Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. “2003′ и “2004“ го овоија Чаир и ги победија врсниците на Шкупи
Вардаровите генер. “2003′ и “2004“ го овоија Чаир и ги победија врсниците на Шкупи

Вардаровите генер. “2003′ и “2004“ го овоија Чаир и ги победија врсниците на Шкупи

Вардаровите генерации родени “2003“ и “2004“ година го освоија денес Чаир и славеа на гостувањето против екипата на Шкупи.

Генерацијата “2004“ на ФК Вардар предводена од Игор Кралевски стигна до својата единаесетта последователна победа, во рамките на регионалната-скопска лига. Денес на теренот во Чаир, се одигра дербито со екипата на Шкупи, на кој во неизвесен дуел славеа Вардарци со резултат 3:4.

ФК Вардар: Гигов, Љушев, Јаневски, Милошевски, Анчевски, Серафимов, Каровски, Попов, Хајдари, Павлески, Стојановски.

По првото полувреме резултатот на овој натпревар беше 2:2. Домашниот тим од Чаир успева прв да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. Сепак во следнниот период од мечот, црвено-црните постигнуваат два гола и прават целосен резултатски пресврт од 1:2. Најпрво на 1:1, резултатот го израмнува Георг Стојановски, за Давид Љушев со евро гол од речиси 30 метри да го матира противничкиот голман и да донесе предност на својот тим од 1:2. До крајот на првото полувреме, Шкупи постигнува гол и израмнува на 2:2, резултат со кој се оди на одмор.

Вардар беше подобра екипа на денешниот натпревар и заслужено стигна до нова победа. Ново водство од 2:3, со својот втор гол денес донесе Георг Стојановски, за противникот по втор пат денес да успеа да го израмни резултатот, овој пат на 3:3. Никола Павлески беше човекот на одлука, кога со својот прв гол денес му донесе голема победа на Вардар и ги псстави конечните 3:4 на овој натпревар.

Убедлива победа забележа повозрасната генерација “2003“ на Горан Петрески, кој го совлада противникот со резултат од 0:3.

ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Трпезановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давидовски, Стојановски, Петрушевски, Јовановски, Мешковски, Андрески.

Во игра влегоа: Јаневски, Петковски и Тасески.

Вардар имаше целосна доминација на теренот и на крај заслужено ги освои трите бодови на овој дерби дуел. Успеавме да го отвориме резултатот со гол на капитенот Петар Давидовски, со удар од белата точка. Претходно во противничкиот шеснаесетник беше соборен Марио Петрушевски, по што судијата покажа казнен удар, истиот во реализација го претвара Давидовски за 0:1. Со овој резултат завршија првите 40 минути.

И во второто полувреме покажавме повеќе од Шкупи, што резултираше со два нови голови. На 0:2, по одбиена топка зголеми Дарио Јовановски. Третиот гол за Вардар беше постигнат по одлична акција во која учествуваа Давидовски, кој одзема топка на средината на теренот додава до Андрески, овој му ја враќа, а Давидовски излегува очи во очи со противничкиот голман и погодува за 0:3. Овој резултат беше и конечен на натпреварот. Ова беше вкупно деветта победа за оваа генерација, која го одржува чекорот со екипата на Шкендија, во борбата за титулата.