Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Момците на РК Илинден и РК Ангели Вардар со триумфи во генер.2004/05
Јуниор лига: Момците на РК Илинден и РК Ангели Вардар со триумфи во генер.2004/05

Јуниор лига: Момците на РК Илинден и РК Ангели Вардар со триумфи во генер.2004/05

Нови натпревари во Вардар Јуниор лигата одиграа и машките екипи на РК Будимир Вардар, РК Илинден Вардар, РК Ангели Вардар и РК Урдаревски Вардар. Тие вчера настапија во “Кале“ во натпреварите од 3.коло во генерација 2004/2005 година.

5

Во дуелот на РК Будимир Вардар и РК Илинден Вардар, победи тимот на Илинден со резултат 14-23 (5-11). Натпреварот започна со предност на тимот од Илинден, во петтата минута резултатот беше 2:8. Во продолжението од мечот Будимир Вардар малку се разбуди, постигна три погодоци, но прими и доста, на полувреме се замина со високу 5-11. Вториот дел со два гола го отвори Илинден, потоа следуваше гол на Будимир за 7:12. На средина на вториот дел резултатот беше 12:21. До крајот на натпреварот Илинден рутински си ја доврши својата задача за победа од 14-23.

6

На дуелот РК Ангели Вардар и РК Урдаревски Вардар, поуспешен беше тимот на Ангели со резултат 26-19 (14-10). Првиот дел беше доста изедначен со многу голови и на двете страни, во петтата минута резултатот гласеше 5:3 за Ангели, кој средината на првиот дел беше 12:7, на пауза се замина со предност од четири на Ангели 14-10.

1 2

Вториот дел подобро го отвори тимот на Ангели, на средината на вториот дел резултатот беше 21:17. На крај, рутински РК Ангели Вардар победија со резултат 26-19.