Денес во салата “Кале“-Скопје момците на Будимир, кадетите на Вардар кои всушност со возраст се пионери се сретнаа со екипата на ГРК Гостивар . Момците на Адријана повторно покажаа дека оваа година се несовладливи, впишувајќи нова победа во низа. Црвено-црните триумфираа со високи 35-15 (15-9). Оваа екипа есенва во пионерска и кадетска конкуренција има 100% ефект.
Почетокот беше неефикасен, први со гол го отворија овој дуел нашите момци преку Савревски Давид, дури во 3.минута од дуелот кога поведовме со 1-0 на овој кадетски дуел. Се играше цврсто во одбраната, двата тима имаа и серија промашување, во 7.минута Гостивар со два последователни гола успеа да изедначи на 1-1 најпрвин, а потоа и да поведе со 1-2. Чакалиќ со “бомба“ веднаш ја врати резултатската симетрија на семафотот во салата “Кале“. Чорогунов на нашиот гол до 10.минута врза 4 интервенции одржувајќи не во игра, на семафорот сеуште стоеше по една третина од првиот дел 2-2. Будимир побара и доби цврста игра во одбраната и брза трансформација во напад, тоа донесе серија 3-0 со која во 14.минута поведовме со 5-2, по што следеше минута одмор за противничкиот тренер. Ја подобривме играта во одбраната, во нападот почнавме да стреламе умешно со тоа се одлепивме на “плус пет“ 10-5 во 22.минута. Во последните минути од првиот дел се играше игра гол за гол, двата тима постигнаа по четири гола во противничката мрежа за резултат 14-9. Во финишот на првите 30.минути уште еднаш погодивме, па на одмор заминавме со резултат 15-9 на семафорот во салата “Кале“.
Вториот дел го стартувавме ние први со гол, преку Чакалиќ успеавме да зголемиме на 16-9 по само 30.секунди игра. Следеа два гола од контра на Калајџиски Симон во продолжение па таа во 33.минута водевме веќе со двојно повеќе постигнати голови, односно на семафорот беше 18-9. Од минута во минута само додатно ја зголемувавме предноста, па така отидовме конечно и на двоцифрена предност, поведувајќи со 22-12 во 40.минута од натпреварот. Момците почнаа да играат како по “ноти“ советите на големиот стратег на паузата, Будимир вродија со плод во вториот дел. Во последните 10.минути влеговме со предност за црвено-црните од шеснаесет гола, на семафорот стоеше 28-12. Со серија 3-1 поведовме со 31-13 на само нецели пет минути до крајот, овие момци покажаа дека се класа разлика во однос на противникот, тактичките совети и измени во играта по полувремето од нивниот тренер се покажаа како вистински потег. Во 58.минута со атрактивниот гол на Горјан Трајчевски поведовме со “дваесет плус“, резултатот на семафорот беше 34-14. Се до крајот беше рутина ние забележавме победа со резултат 35-15.
Кај нас најефикасен беше Калајџиски Симон со 8 гола, Савревски Давид постигна 6 погодока, Мишевски имаше 5, по три имаа Чакалиќ и Мирчевски. Димчевски впиша два гола, а по еден гол имаа: Павловски, Жерновски, Ташевски, Петков, Јанчев и Грујоски.