Вечерва со почеток од 19 часот, Европскиот шампион гостува кај екипата на Рајн-Некар, во рамките на најсилната група А од лигата на шампините. Играме против шампионот на Германија, кој пред една недела го совладавме во Скопје. Жоан Кањелас за официјалната страна на клубот ги сподели очекувања за овој дерби натпревар.
-Знаеме дека одигравме многу добар натпревар во Скопје, но играме против шампионот на Германија. Бундес-лигата е најдобра и знаеме колку ќе биде тешко. Минатата година одигравме добро на гостувањето кај Рајн Некар. Имавме една недела за да се подготвиме за реваншот. Тие имаа натпревар пред 3 дена во Бундес-лигата и немаа толку време за да се подготват специјално за нас. Разликата ја прават голманите, но ќе видиме како ќе биде сега. Арпад Штербик е во одлична форма, но ќе треба да продолжи во таков стил и на овој меч.
Вардар е прв на табелата, позиција на која ќе остане и после одигрување на ова коло, без обзир на конечниот исход на натпреварот.
-Мислам дека немаме толку притисок. Повеќе притисок имавме кога го игравме мечот пред една недела бидејќи мораше да победиме дома. Освоивме два бода дома против Рајн Некар, па доколку успееме да освоиме бод или два на ова гостување ќе биде одлично бидејќи така ќе го зацврстиме првото место во групата. Сепак, тешко е кога се игра во Германија. Имаме шанса против секоја екипа и мислам дека сме подготвени за овој натпревар за да се надигруваме и за да победиме, но знам дека ќе биде многу тешко, истакна Кањелас.