Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар како “брз воз“ низ Гевгелија, победата беше изразена со 30 гола позитива
Младинките на Вардар како “брз воз“ низ Гевгелија, победата беше изразена со 30 гола позитива

Младинките на Вардар како “брз воз“ низ Гевгелија, победата беше изразена со 30 гола позитива

Во салата „26-ти Април“ во градот Гевгелија се младински дуел во кој екипата на Вардар предводена од Платон Анжела и Александра Кузмановска гостуваше кај истоимената екипа. Нашите девојки дојдоа до висока победа со четири пати повеќе постигнати голови, односно со  резултат 10-40 (2-17).

Девојки на Гевгелија  први го отворија резултатот со погодок за 0-1 на почетокот, тоа беше нивно прво водство денес воедно и последно на овој натпревар. Ние со два гола едноподруго го преземавме водството поведувајќи со 1-2, а домаќинот стрелаше за 2-2. После тоа настапи “самрак“ за екипата на нашиот ривал, тие до крајот на првиот дел не успеаа да погодат ниту еднаш. Ние пак погодувавме од игра, контра и со лесни голови ја зголемувавме предноста од минута во минута. Со неверојтна серија 0-15 дуелот на одмор го однесовме со предност за нас од 2-17.

hh2

Први со гол вториот дел го отворија како и првиот домашната екипа која намали на 3-17, веднаш потоа следеше серија од 0-5 со која ние поведовме со високи 3-22.  Домаќинот во вториот дел успеа да постигна четири пати повеќе голови од првиот период, но далеку од тоа дека можеше да парира на одличната екипа на Вардар. Ние од минута во минута го зголемувавме водството се до крајот на дуелот не попуштавме со ритамот. На крајот победата беше висока со триесет гола разлика, девојките на Платон и Кузмановска триумфираа со резултат  10-40. Кај нас најефикасна беше  Ивановска која  имаше 7 гола, Величковска имаше 6 гола, а Ангеловска постигна 5 гола.