Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Бојан Колевски постигна два гола, но Македонија загуби од Унгарија
Бојан Колевски постигна два гола, но Македонија загуби од Унгарија

Бојан Колевски постигна два гола, но Македонија загуби од Унгарија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години не успеа да победи ниту на вториот натпревар и на тој начин ги загуби шансите за пласман на Европското првенство. Денес на тренинг центарот “Петар Милошевски“ избраниците на Вујадин Станојковиќ беа поразени и од селекцијата на Унгарија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:4.

Во два наврати Унгарија имаше водство, но нашите надежи го израмнуваа резултатот. Дури имавме и предност од 3:2, но до крајот на дуелот дозволивме да примиме два голови во нашата мрежа. Два голови за Македонија на овој натпревар беа дело на вардаровиот напаѓач, Бојан Колевски кој одигра одличен меч, кој за жал неговиот тим го загуби. Во стартните 11 за овој натпревар со Унгарија беше и Тодор Тодороски, додека во второто полувреме во игра влезе и Филип Стојчевски. На клупата за резерви беше Филип Антовски.

Во првото коло бевме поразени од Летонија (1:2), а на последниот меч на овој квалификациски турнир се среќавме со селекцијата на Англија.