Настапи за својте репрезентации забележаа и неколку други играчи на Вардар. На вчерашниот дуел против Финска, Дарко Велковски ги одигра сите 90. минути, додека пак Кристијан Тошевски влезе во последната минута од пријателскиот натпревар кој заврши 0:0.
Денеска пак, Ерменија одигра дуел со Естонија кој заврши исто така 0:0. Барсегјан во игра влезе во 77. минута од мечот, шанса за настап на овој дуел не доби Хамбарџумјан кој остана на клупата за резерви.