Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Втора лига: Вардар подобар од МЗТ
Втора лига: Вардар подобар од МЗТ

Втора лига: Вардар подобар од МЗТ

Кошаркарите на Вардар денеска се радуваа на многу значајна победа во борба за првото место и враќање во првата кошаркарска лига. Попладнево “црвено – црните” како гости, во СЦ. “Јане Сандански” го победија тимот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 75 – 89.

Со оваа победа Вардар останува на само еден пораз, а сега веќе има 11 победи. Во следното коло Вардарци го пречекуваат последнопласираниот тим на КК Ангели, каде не треба да имаат поголеми проблеми.