Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ингебритсен: Сакаме да победиме за да освоиме поени за рејтинг за следната сезона
Ингебритсен: Сакаме да победиме за да освоиме поени за рејтинг за следната сезона

Ингебритсен: Сакаме да победиме за да освоиме поени за рејтинг за следната сезона

Тренерот на Норвежаните, Каре Ингебритсен изјави вечерва на прес-конференцијата дека неговиот тим ќе се обиде да дојде до уште една победа и така да ја затвори оваа година. Ингебритсен смета дека на овој дуел тие влегувале поодморени, додека пак тренерот на Вардар шанса ќе им дадел на играчите кои имале помала минутажа.

“Тука веќе е крајот на сезоната, па така сакаме да ја завршиме со победа. Сакаме да победиме за да освоиме поени за рејтинг за следната сезона. Денеска нема голема разлика помеѓу носители и неносители, но подобро е да имаш повеќе поени. Паузата добро ќе ни помогне за овој дуел. Јас сум фокусиран на тие што ќе играат, а не на тие што нема да играат” – рече Ингебритсен.