Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ништо не е џабе, Вардар со бод ќе “лапне” 120.000 евра
Ништо не е џабе, Вардар со бод ќе “лапне” 120.000 евра

Ништо не е џабе, Вардар со бод ќе “лапне” 120.000 евра

Вечерва од 21.05 часот, тимот на Вардар ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа. Црвено – црните играчи предводени од тренерот Јаневски, ќе се обидат да ја израдуваат црвено – црната армија на навивачи со позитивен резултат на последниот натпревар за оваа сезона во култното натпреварување Лигата на Европа.

Дека нема да биде ова само формален натпревар, говорат и финансиските бројки. Во случај тимот на Вардар да се радува на победа вечерва, ќе заработи одлични 360.000 евра. Доколку пак Вардар одигра нерешено, исто така ќе заработи добра сума на пари за наши услови, 120.000 евра.

Се надеваме дека групната фаза нашиот тим нема да ја заврши со 0 бодови и дека со добра игра ќе им врати на навивачите за нивната поддршка.