Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ ги постигна првите три гола на СП, исто толку погодоци и за Радичевиќ во победата на Црна Гора над Тунис
Андреа Лекиќ ги постигна првите три гола на СП, исто толку погодоци и за Радичевиќ во победата на Црна Гора над Тунис

Андреа Лекиќ ги постигна првите три гола на СП, исто толку погодоци и за Радичевиќ во победата на Црна Гора над Тунис

Црна Гора освои два, додека Србија еден бод, во рамките на четвртото коло на СП во Германија. Радува веста дека на теренот се врати Андреа Лекиќ која даде значителен придонес во нерешениот резултат против Холандија.

Србија втор последователен натпревар одигра со нерешен резултат, овој пат против селекцијата на Холандија (27:27). Има за што да жалат Србинките со оглед дека во последните пет минути од натпреварот влегоа со три гола предност.

Србија имаше одличен старт на мечот и со три последователни голови на поранешната Вардар, Марина Дмитровиќ поведе со 3:1. Сепак Холандија во следните четири минути прави серија од 0:3 и стигнува до првата предност на дуелот (3:4). Србија ја имаше расположената Дмировиќ и во неколку наврати во првото полувреме имаше два гола разлика. Сепак во последните пет минути од првото полувреме, Холандија благодарение на неколку сврзани погодоци прави резултатски пресврт и поведува со 12:14. Србија не му дозволува на противникот со позитива да го заврши првиот дел и со фуриозен финиш успева да израмни на 15:15. На теренот за прв пат на мундијалот ја видовме и Андреа Лекиќ која веднаш се запишува во листата на стрелци. По првите 30 минути резултатот беше нерешен.

vardarfans-cvijic

Холандија имаше подобар старт на вторите 30 минути кога постигна три напротив еден гол на Србија, за да поведе со 16:18. Сепак избраничките на Обрадовиќ заигруваат многу подобро во следните десет минути, па со серија од 8:3, за во 46 минута да имаат водство од 24:21. Имаше нашиот сосед и напад за четири голови разлика, но наместо тоа да се случи, противникот преку Полман постигна гол и намали на само два гола негатива. Србија имаше контрола на резултатот се до 27:24, кога од несфатлив пад во играта дозволи да прими три погодоци, а да не постигне ниту, еден за конечен резултат од 27:27.

Андреа Лекиќ ги запиша првите 3 гола на овој мундијал, додека Драгана Цвијиќ постигна 2 гола.

Црна Гора се врати на победничките патеки, после поразите од Русија и Јапонија, во текот на вчерашниот ден славеа во дуелот со Тунис. Гледавме израмнето првото полувреме, во кое сепак Црна Гора на одмор замина со два гола предност (15:13). По неколку минути игра гол за гол, избраничките на Јохансон први се одлепија и поведоа со 6:3. Оваа разлика од три гола ја имаа уште во неколку наврати во текот на првиот дел. Сепак Тунис не се предаде и направи серија од 0:5, за да направи резултатски пресврт и да поведе со 9:11. Новата серија на Црна Гора од 4:1 им овозможи на одмор да заминат со водство.

На стартот на второто полувреме, Тунис постигна два гола во серија и го израмни резултатот на 15:15. Сепак во продолжение од мечот следиме подобра игра на Црна Гора, за на крајот да триумфираат со резултат од 29:23. Ова беше втора победа за Црнагорките на СП, кои имаат и исто толку порази.

vardarfans-joka

Радичевиќ успеа да постигне три голови, додека во составот беше и Андреа Кликовац која имаше одбранбен задачи.