Во петок ќе се одигра заостанатото коло, додека во сабота и последното 11 коло во рамките на детската фудбалска лига, кај генерациите родени “2005“, “2006“ и “2007“ година. Со ова ќе заврши есенскиот дел од сезоната во детската лига.
Во петок кој е неработен ден, активна ќе биде Вардаровата генерација родени “2005“ година која ќе одигра два натпревари. Вардар (1) ќе одигра меч со екипата на Македонија Ѓ.П со почеток од 10:50 часот, додека Вардар (2) за противник го има тимот на Гоблен, дуел закажан од 12 часот. Да напоменеме дека оваа генерација предводена од Ане Андовски е со максимален број на освоени бодови, односно и двете екипи немаат загубено ниту еден бод.
Во сабота мечеви од последното есенско коло ќе одигра и генерацијата “2006“ и тоа два натпревари. Со почеток од 10:30 часот, Вардар (1) ќе се сретне со екипата на Карпошово, додека Вардар (2) за противник го има тимот на Фамос (11:30). Истиов ден натпревар ќе има и Вардар (1) од генер. “2007“ кој ќе се сретне со екипата на Фаст, дуел чиј почеток е од 11 часот.