Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победничката турнеја на Вардарки вечерва продолжи и во Прилеп, каде беше совладана екипата на Деспина
Победничката турнеја на Вардарки вечерва продолжи и во Прилеп, каде беше совладана екипата на Деспина

Победничката турнеја на Вардарки вечерва продолжи и во Прилеп, каде беше совладана екипата на Деспина

Турнејата на ЖРК Вардар продолжи од Куманово во Прилеп, каде вечерва гостуваа на екипата на Деспина, во рамките на натпревар од женската супер -лига. После убедливата вчерашна победа против Куманово, избраничките на Дибирова вечерва беа подобри и од екипата на Деспина, совладувајќи ја со резултат од 41:24. Иако се играше во Прилеп, Вардар се водеше како домаќин на овој натпревар, со оглед дека првиот меч кој тогаш требаше да се одигра во овј град, по барање на Вардарки тогаш се играше во С.Ц. Јане Сандански.

Прилепчанки во првото полувреме одржуваа некаква ако може да се каже резултатска рамнотежа, кога по истекот на првите 30 минути имаше само шест гола негатива (18:12) беше за црвено-црните, резултат со кој се замина на одмор. И на овој дуел им се даде шанса на младите Мицевска, како и Николиќ и Гичевска кои се дел од екипата на Вардар Јуниор. Само да потсетиме дека поради настап на СП во Германија, во составот на Вардар ги нема Радичевиќ, Кликовац, Цвијиќ, Лекиќ, Лакрабер и Лејно, додека денес воопшто на теренот не влезе ниту Пенезиќ, иако беше во составот за овој дуел. Сепак тоа не претставуваше проблем во во вториот дел константно да ја зголемуваме предноста, која на крајот беше изразена со 17 голови позитива во наша корист, разлика која и беше очекувана пред почетокот на овој меч.

Ова беше вкупно 12 победа од исто толку одиграни натпревари за нашиот шампион во супер -лигата. Најефикасни на денешниот натпревар беа Кузнецова, Кермичиева и Ристовска, кои постигнаа по 7 голови. По враќањето во Скопје, во текот на утрешниот ден ќе одиграме и со “сетринската“ екипата на Вардар Јуниор.

ВАРДАР: Саздовска 4, Кузнецова 7, Лазовиќ 2, Мицевска, Пенезиќ, Керамичиева 7, Чанаџија 3, Суслина, Хмирова 3, Петровиќ 4, Гичевска 3, Ристовска 7, Николиќ 1.