Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција на РК Вардар за мечот во сабота, против екипата на Металург
Прес-конференција на РК Вардар за мечот во сабота, против екипата на Металург

Прес-конференција на РК Вардар за мечот во сабота, против екипата на Металург

Утре со почеток од 12 часот, ракометниот клуб Вардар ќе одржи прес-конференција, по повод натпреварот од 10 коло во СЕХА-лигата против екипата на Металург. Овој дерби градски дуел е закажан за во сабота, во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 20:45 часот. Овој натпревар покрај резултатски ќе има и хуман карактер, со цел да се помогне на Борче. Дојдете и донирајте за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж.

Утре на прес-конференцијата ќе бидат споделени очекувањата за овој натпревар, кој е дерби и на колото во СЕХА.