Денес во Подгорица се одигра и вториот пријателски натпревар на фудбалските репрезентации на Македонија и Црна Гора до 17 години. Вториот дуел му припадна на домаќинот кој славеше со резултат 2:1
Македонија беше прва која го отвори резултатот со погодок после центар шут од корнер, но Црна Гора до крајот на натпреварот постигна два гола и забележа победа.
За Македонија настапија сите тројца вардарци, кои влегоа во игра во вториот дел од натпреварот. Се работи за Георг Стојановски, Марио Ричков и Стефан Стојановски.