На својата официјална страница Комити Запад објавија одлична вест за тренерот на ФК Вардар, Никола Илиевски-Џиџи кој имаше Ковид-19 и беше сместен на инфективната клиника заради опоравување од тешката состојба. Во веста се вели:
Џиџи е повторно со нас !
Денес на тренингот на Вардар по подолго време борба и победа над коронавирусот, се појави шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи !
Неговото враќање во тимот сигурно ќе значи засилување пред важните предизвици кои се пред нас, пред се борбата за опстанок во лигата и воопшто како клуб.
#ЕденЖивотЕднаЉубов