Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се одигра и 4.коло во ракометната Супер лига, Вардар остана лидер
Се одигра и 4.коло во ракометната Супер лига, Вардар остана лидер

Се одигра и 4.коло во ракометната Супер лига, Вардар остана лидер

Со денешниот натпревар меѓу екипите на Струга и Еурофарм Пелистер 2, се комплетираше 4.коло во плеј-офот на ракометната Супер лига.

Поради настапите во ЛШ, своето коло, многу порано го одигра Вардар, кој забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Бутел. Победа во ова коло оствари и тимот на Еурофарм Пелистер, додека Металург претрпе и втор пораз, овој пат на гостувањето кај екипата на Охрид.

Комплетни резултати од 4 коло:

Бутел – Вардар  1961  26:34

Еурофарм Пелистер – Пролет  27:17

Охрид – Металург  27:26

Струга – Еурофарм Пелистер  24:24

На табелата, Вардар е прв со 12 максимални бодови, додека втор е тимот на Еурофарм Пелистер со 9, од 3-5 место со по 6 бодови се наоѓаат екипите на Охрид, Пролет и Бутел.