Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедливо издание за избраниците на Петковски, ФК Вардар генер. 2005 со висока победа во дербито со Шкендија
Убедливо издание за избраниците на Петковски, ФК Вардар генер. 2005 со висока победа во дербито со Шкендија

Убедливо издание за избраниците на Петковски, ФК Вардар генер. 2005 со висока победа во дербито со Шкендија

Генерацијата 2005 на ФК Вардар со победа ја стартуваше одбраната на титулата во регионалната-скопска лига, откако на домашен терен убедливо ја совлада екипата на Шкендија (4:1)

Тренерот Петковски стартуваше со следниве 11-сетмина: Филевски, Јакимовски, Ристовски, Таневски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Цветков, Антевски, Серафимов

Доминантна игра за нашите млади надежи, кои целосно го надиграа противникот. Уште во 5.минута од мечот успеваме да го отвориме резултатот со голот на Филип Јовановски. Екипата на Шкендија уште не се опорави од првиот примен гол, после шест минути следеше и втор гол во нивната мрежа, истиот го постигна Кристијан Антевски за наше водство од 2:0.

2

Пред да го постигнеме вториот гол, Величковски имаше шанса да се запише во листата на стрелци, кога биеше при една мешаница во противничкиот шеснаесетник, но еден од дефанзивците на Шкендија во последен момент ја изби топката од гол линијата. Нова прилика за капитенот Величковски, од десната страна топка нафрли Серафимов, во скокот највисок беше Величковски биеше со глава, но топката оди крај голот. Најубавиот гол на мечот е дефинитивно за Горјан Цветков, кој од 35 метри го лобуваше голманот на Тетовчани, за веќе убедливи 3:0, навистина убав гол за овој играч на Вардар. Противникот од Тетово само еднаш се закани кон нашиот гол, сепак Филевски успешно одбрани. На пауза се замина со предност на Вардар од 3:0.

5 6 7

1

4

Во второто полувреме паднаа уште два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво гостинската екипа го намали резултатот на 3:1 во 50 минута од мечот, за конечните 4:1 на овој дерби дуел од регионалната-скопска лига да ги постави Никола Величковски

Во игра на овој меч влегоа уште и Илиевски, Николовски, Каланоски, Уневски и Стефаноски.