Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар(2) ген.2007 со убедлива победа во детската лига
ФК Вардар(2) ген.2007 со убедлива победа во детската лига

ФК Вардар(2) ген.2007 со убедлива победа во детската лига

ФК Вардар ген.2007 денес во детската лига одигра еден дуел кој го доби во своја корист со високи 10-3. Тимот на Вардар(2) се сретна со екипата на ФК Еуроспорт(2) , победата дојде со резултат 10-3 (5-2).

Доминиравме на почетокот во кој отворивме први со погодок за 1-0. Стрелец на првиот гол беше Јордановски Михаил, кој доби одлична асистенција од Иван Блажевски. Успеавме да одиграме далеку подобро од ривалот, Исајловски Даниел впиша една одбрана. На одмор заминавме со предност од три гола, односно со резултат 5-2. За нас уште погодија до крајот на овој дел: Војо Стојановски, Иван Блажевски, Димитар Фидановски и Филип Смиљков. Во првиот дел доминиравме, во сите аспекти на фудбалската игра на средбава.

Вториот дел започна со обид на Мичо Поповски кој заврши крај голот. Повторно како и во првиот дел и во овој Јордановски Михаил успеа да погоди за црвено-црните. Тој стрелеше за предност од 6-2. По една закана на противникот, на нашиот гол одлично одбрани Даниел Исајловски. Ривалот намали на 6-3, по една конфузија во нашата одбрана. Стојановски Војо имаше одлична шанса за нов гол која за жал не ја погодивме. Јордановски стрелаше трет пат тој погоди за 7-3. До крајот успеавме да погодиме уште три пати, стерлци на головите за конечните 10-3 беа: Поповски Мичо, Никола Јовановски и Војо Стојановски. Момците на „Чунга“ денес одиграа еден дуел на високо ниво, крајниот резултат е отсликување на нашата доминација.