Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шампионките почнаа убедливо, пионерките на Вардар со гостинска победа кај Велкова-5
Шампионките почнаа убедливо, пионерките на Вардар со гостинска победа кај Велкова-5

Шампионките почнаа убедливо, пионерките на Вардар со гостинска победа кај Велкова-5

Шампионскиот тим, пионерките на ЖРК Вардар тргнаа со победа, покажаа дека во пионерска лига тие ќе доминираат и оваа сезона.   Ние гостувавме кај екипата на Велкова-5, избраничките на Платон и Папуџиева победија со резултат 13-27 (5-14).

Дуелот започна со почетни 2-2, по што следеше  наша доминација во целост на оваа средба. Од минута во минута ние доминиравме, влеговме во серија во одбраната одигравме на високо ниво, поведувајќи со 3-9. По што  се беше во наши раце, нашата игра ја спроведовме во целост, онака како што преферира тренерскиот двоцец  Платон-Папуџиева. Кој и да добиеше шансa одигруваше тимски па на одмор се замина со високи  двет гола предност, ние водевме за време на паузата со резултат 5-14.

img-239bc80ce5a84985f79c8119074ad5f3-v

По само 4.минути игра во вториот период ја „пробивме“ двоцифрената граница поведувајќи со 7-17. Се беше во наши раце, од клупата ротиравме, нашите голмани беа на ниво, одбраната константно добра, нападот креативен. Победата во ова прво коло од пионерската лига во сезоната 2019/2020 дојде со резултат  13-27.

Кај нас Коцева Борјана и Сара Стефановска „есплодираа“ успеаа да погодат по шест пати, Андовска Зорица и Коцева Бојана имаа по три погодока.