Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во „шампионски ритам“, Деспина немоќна пред мотивираниот црвено-црн тим
ЖРК Вардар во „шампионски ритам“, Деспина немоќна пред мотивираниот црвено-црн тим

ЖРК Вардар во „шампионски ритам“, Деспина немоќна пред мотивираниот црвено-црн тим

Вардар во еден дуел во кој доминираше максимално ја совлада екипата на ЖРК Деспина на домашен терен. Ние имаме шампионски ритам,  победата дојде до 27.гола предност во дуел во кој само ние бевме тие кои се прашуваат за исходот.  Победата на овој дуел од 2.коло во суперлигашката конкуренција дојде со резултат 45-18.

1

Почнавме фуриозно со 4-0 во воедните минути, двапати одлично погоди капитенот Бојана Диневска, по еднаш стрелаа Седлоска Андреа и Џатевска Ивана, а на нашиот гол две одбрани имаше Илиќ. Го контролиравме дуелот, ние бевме тимот кој го диктираше темпо па во 13.минути поведовме со високи 9-1 со голот на Седлоска од пенал. Противникот успеа да се врати во игра, воспостави привидна рамнотежа намалувајќи на 13-6. Веднаш потоа спектакуларни контри на денес перфектната, нововлезената Миновска Сара која погоди два пати, заедно со уште еден гол на Седлоска отидовме на двоцифрена разлика. Поведовме со 16-6 во 24.минута од оваа суперлигашка средба. До крајот на првиот дел рутинирано одигравме и отидовме на одмор со резултат 20-9 кој го постави Миновска на 32.секунди до крајот . Успехот во првиот дел се должеше на одличната тактика во одбрна која ја постави Ристова, противниците немаа решение за истата, во нападот бевме стандaрдно креативни и убоити што е наша каракеристика.

5-2 4-2
Вториот дел започна со одбрана на нововлезената Грујовска и погодок на Николиќ која се враќа по повреда за 21-9. Почна нашиот танц, во одбрана одлични, Грујовска со неколку одбрани даде имплус. Во напад денес посебно инспирираната Миновска едноставно беше незадржлива па отидовме на 15 плус, поведувајќи со 26-11 по една одлична контра на Миновска. На дваесет плус отидовме во 45.минута (31-11) кога одлично погоди Ана Марија Божиновска, денес имавме идеална ротација кој како влезе одлично одигруваше на ниво, па така и Фани Ѓорѓиевска која ја замени Миновска го продолжи истиот ритам да казнува од контра на атрактивен начин. Токму со нејзините два гола поведовме со највисоки дотогаш плус 22, на семафорот во 47.минута стоеше 33-11. Во последните десет минути влеговме со резултат 36-12 откако погоди Трпевска од десно крило, која ја замени Јаковчевска која исто така одигра дуел на ниво и Ѓорѓиевска која награди прекрасна одбрана со нога на Грујовска. Вардар имаше течна игра во нападот, и одлична дефанзивна поставеност со расположени голмани. Ривалот на пет минути до крајот побара тајм-аут на семафорот стоеше 41-14 по голот на Трепевска Ивона. Победата дојде со резултат 45-18, кој го постави Божиновска на 20тина секунди до крајот.

6

Кога сме кај бројките на девојките: Грујовска беше двоцифрена таа во вториот дел впиша 11 одбрани, другиот голман исто така  на ниво Илиќ  одбрани 9 удари во првите 30.минути. Седлоска и Миновка  дуелот го завршија со  по 8 погодока, Ѓорѓиевска испорача 7 погодока на овој дуел.