Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Спасески со генерација 2006 ја „прегази“ Шкендија, дебитантска победа за нашите млади надежи во регионалната-скопска лига
Спасески со генерација 2006 ја „прегази“ Шкендија, дебитантска победа за нашите млади надежи во регионалната-скопска лига

Спасески со генерација 2006 ја „прегази“ Шкендија, дебитантска победа за нашите млади надежи во регионалната-скопска лига

На теренот на Академијата, генерацијата 2006 со убедлива победа ја стартуваше дебитантската сезона во регионалната-скопска лига. Вардар во дербито ја прегази екипата на Шкендија со резултат 6:0.

Тренерот Спасески го започна мечот со следниве 11-сетмина: Данстак, Николов, Порчу (c), Спасовски, Настевски, Миовски, Нуредини, Величковски, Николовски, Ајетовиќ, Алији.

2

Вардар доминираше на теренот во првото полувреме, ги искористи своите шанси и успеа да постигне три гола во противничката мрежа, додека Шкендија имаше само еден директен удар кон нашиот гол, кој го одбрани Андреј Данстак. Квалитетот, но и желбата за победа беа поголеми кај вардарци, кои едноставо го прегазија својот најголем ривал за трофејот оваа сезона. Прв кој се обиде да го отвори резултатот беше Нуман Ајетовиќ кој повлече една топка, се создаде простор, шутираше, но голманот на Шкендија одбрани и спречи рана негатива за својот тим. Вардар успева да го отвори резултатот за 1:0, токму со голот на Ајетовиќ кој денес доби офанзивни задачи од тренерот Спасески, и тоа се покажа како вистинско решение. Откако проигра Величковски, акцијата во гол ја претвори Нуман Ајетовиќ за водство на Вардар.

5 69264042_2430686423644856_587383025935843328_n

Истиов играч успеа да ни донесе и водство од 2:0, а одбраната на Шкендија повторно „спиеше“, тоа го користи Нуман за зголемување на резултатот. Нашите млади надежи имаа целосна контрола на играта на теренот, офанзива и константен притисок на половината на противникот. До крајот на првиот дел уште еднаш ја тресеме мрежата на тетовчани. Се играше акција од левата страна, кога Нуредини, додаде топка во противничкиот шеснаестник, на вистинското место се најде Алтин Алији кој зголеми на 3:0, резултат кој се покажа актуелен на полувреме.

3 4 70610076_2430750656971766_6214219126374662144_n 70879476_2430750733638425_2243236172883034112_n 71278491_2430686676978164_471965061280169984_n

Вардар беше надмоќен и во вториот дел, едноставно гостинската екипа немаше што да бара на овој меч. Иако имавме високо водство од првиот дел, момците на Спасески не застанаа ниту во второто полувреме. Нуман Ајетовиќ денес одигра перфектен меч и со својот хет-трик успеа да зголеми на 4:0, додека со вториот гол на Алтин Алији поведовме и со високи 5:0. Тренерот на Вардар им даде шанса за игра на сите играчи, така во второто полувреме влегоа Јанкоски, Динов, Краљевски, Цониќ, Илески, Цековски и Танчев. До крајот на натпреварот уште еден гол во мрежата на Шкендија, дело на Марко Николовски за 6:0, прв за овој играч на денешното дерби. Екипата од Тетово имаше удар, но одбрани Краљевски. На крајот, убедлива победа за Вардар со резултат 6:0.