На натпреварот овој викенд против Младост Ц.Д Бобан Николов го постигна својот првeнец во црвено – црниот дрес. Младинскиот репрезентативец на Македонија ја искористи покажаната шанса од тренерот Седлоски, и на најдобар можен начин ја оправда довербата. За Николов ова беше 12 настап во дресот на Вардар оваа сезона и прв погодок. Очекуваме младиот играч на Вардар да прикажува уште подобри партии во иднина, дополнети со голови.
Од друга страна пак, eрменскиот играч од одбраната на Вардар Хамбарџумјан не запира. Следен на ”мениот” на Хоф беше тимот на Младост Ц.Д. По головите на подготвителните натпревари за Вардар во Анталија, Хоф продолжи да погодува и во ПМФЛ. Ова беше 6 првенствен погодок за Хамбарџумјан оваа сезона, кој се наоѓа во одлична форма.