Нашиот ракометен шампион утрово замина за Плоцк, каде во среда ги очекува првиот натпревар во рамките на 1/8 од лигата на шампионите. Противник за црвено-црните ќе биде екипата на Висла Плоцк. Мечот ќе започне во 18:30 часот. Ова ќе биде реприза на осминафиналниот дуел од минатата сезона, кога Вардар во Скопје ја надокнади негативата од шест голови и се пласираше во следната рунда од најголемото ракометно натпреварување. Се надеваме дека Вардар уште на првиот меч ќе има позитивен резултат, за полесен пристап на ревашнот во Јане Сандански.