Изминатиов викенд се одигра нови натпревари во детската фудбалска лига. На терените на фудбалскиот клуб Работнички активна беше генерацијата родени “2007“ година. Тие забележаа половичен успе, од една победа и еден пораз.
ФК Вардар (1) на убедлив начин го доби мечот со екипата на Шкупи. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 5:0. Стрелци на головите беа: Стефан Младеновски (2), Марко Киш, Лука Атанасовски и авто гол на противникот.
Фк Вардар (2) пак доживеа пораз во дуелот со Нова Колонија, кој заврши со резултат 1:3. Стрелец на единствениот погодок за Вардар беше Петар Мицевски. Инаку оваа најмлада Вардарова генерација предводена од Томче Трајановски во недела беше дел од еднодневен меѓународен турнир во Охрид, на кој освоија второ и третто место учествувајќи со свои две екипи.