Покрај многуте шпекулации во изминатиов период за нејзиниот статус во клубот, Андреа Лекиќ ќе остане во Вардар и во наредната натпреварувачка сезона. Оваа вест пред малку на својата официјална страна ја соопшти клубот. Лекиќ го продолжи договорот до јуни 2017 година, со можност истиот да биде продолжен. Така навивачите можат да останат мирни, бидејќи нивната миленичка и понатаму ќе имаат можност да ја гледаат во црвено-црниот дрес.
-Со задоволство можеме да потврдиме дека и Андреа Лекиќ останува наша ракометарка в година, со што продолжи трендот на задржување на клучните и квалитетни ракометарки во тимот. Таа е важен дел од алката во нападот на Вардар и среќни сме што двете страни го потврдија задоволството од досегашната соработка. Верувам дека и Лекиќ е гладна за нови успеси, исто како што е и Вардар, и посакувам во иднина соработка да биде уште подобра и поуспешна. Убедени сме дека ќе заедно ќе имаме нови резултати на кои ќе се радуваме, изјави за официјалниот сајт на клубот Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Нашиот ракометен шампион успеа да го задржи тимот и за следната сезона, со исклучок на Дембеле, Черноиваненко и Сокач кој на крајот од сезоната ќе го напуштат клубот.