Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар Јуниор е лидер во младинската група 2
РК Вардар Јуниор е лидер во младинската група 2

РК Вардар Јуниор е лидер во младинската група 2

Викендов се одигра првото пролетно коло во младинското ракометно првенство. Екипата на РК Вардар Јуниор која е предводена од легендарниот “Зенга“ со победа се врати од гостувањето во Велес. Совладана беше екипата на Борец со резултат 30:32 ( 12:17).

Така црвено-црните го искористија нерешениот резултат во дуелот на екипите на Металург и Пролет, за да го заземат лидерското место на табелата. Металург не успеа на својот терен во Автокоманда да забележи триумф и да се вмеша во борбата за второто место на табелата, кое на крајот од регуларниот дел ќе води на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во младинска конкуренција. Иако во најголем дел од мечот, имаа предност, на крајот Пролет успеа да дојде до нерешен резултат, кој на крајот може да се покажа како пресуден за освојување на втората позиција.

После шест одиграни кола, Вардар Јуниор се наоѓа на првото место на табелата со вкупно 16 освоени бодови, додека Пролет е втор со 14 бодови. Металург е на треттото место со 10 бодови. Се поизвесно е дека црвено-црните ќе завршат на првата позиција во својата група, а многу работи околу врвот можат да бидат разјаснети во наредното коло, кога Пролет е домаќин на Вардар. На првиот меч одигран во С.Ц. Јане Сандански, двете екипи ги поделија бодовите одигрувајќи со нерешен резултат 22:22.