Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов го посвети својот првенец во дресот на Вардар на повредениот Шиле
Николов го посвети својот првенец во дресот на Вардар на повредениот Шиле

Николов го посвети својот првенец во дресот на Вардар на повредениот Шиле

Вардар во неделата гостуваше кај тимот на Младост Ц.Д во рамките на меч од првата фудбалска лига. Се играше негде околу еден час фудбал на “Билјанини Извори“ во Охрид  кого од левата страна Благоја Љамчевски успеа да испрати корисен центар шут, а пак  Николов вешто успева да  ја прати топката во мрежата на Младост. За младиот вардарец овој погодок во црвено-црниот дрес е  неговиот првенец .

Во изјавата за овој погодок и чуството да се стрела за Вардар за официјалната страна на клубот Бобан Николов вели дека  му е многу драг голот и го направи многу среќен бидејќи донел три бода, а воедно го почуствувал чуството да се стрела за црвено-црниот шампион на Македонија. Тој својот деби гол му го посветува на својот повреден колега Дејан Блажевски- Шиле кој мора да оди на операција на коленото по која ќе следи пауза и до крајот од оваа сезона во првата македонска фудбалска лига нема да биде во комбинација за настап поради рехабилитацијата од хирушката интервенција.