Македонскиот селекторот на женската младинска репрезентација, Симе Симовски го објави поширокиот список од 20 ракометарки кои ќе бидат повикани на првиот собир пред квалификациите за Светското првенство за ракометарки до 20 години. Европскиот шампионат во организација на ЕХФ ќе се одржи претстојново лето.
Селекторот и тренер во нашиот млад тим реши од екипите на ЖРК Вардар и Вардар јуниор да повика поголем број на девојки кој всушност се и “костур“ на репрезентациијата на Македонија. Симовски ги повика следните 11 девојки за овој собир: Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Ангела Петровска, Теодора Керамичиева, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Стефанија Мишевска, Леонида Гичевска и Николина Бојаџиска. Интересно дел од нив веќе беа на собир на сениорската репрезентација, каде одиграа извесен број на дуели. Нашата младинска селекција ќе игра квалифкациски турнир во Франција. Покрај домашната селекција во групата со нас се Израел и Словенија. Само доколку се освои првото место во групата, се обезбедува пласман на СП во Русија. Девојките поаѓаат за Франција на 17 март, а првиот натпревар го играат против Израел на 18-ти, ова е распоред на натпревари:
- 18.март 2016 Македонија – Израел
- 19.март 2016 Македонија – Словенија
- 20.март 2016 Македонија – Франција