Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор гостува кај РК Металург-2, во меч од ревијален карактер откако шансите за плеј-оф се загубени
Вардар јуниор гостува кај РК Металург-2, во меч од ревијален карактер откако шансите за плеј-оф се загубени

Вардар јуниор гостува кај РК Металург-2, во меч од ревијален карактер откако шансите за плеј-оф се загубени

По неочекуваниот пораз на РК Вардар јуниор во Спортско рекреативниот центар “Кале“ во мечот со екипата на скопскиот ривал РК Пролет 62 нашите шанси за плеј-офот повеќе не постојат.  Иако треба да се напомене и пред поразот истите беа само теоретски, но по истиот ни “математиката“ не може да не однесе во разигрувањето за пехарот во домашната лига.

Пред почетокот на сезоната која е прва за оваа екипа во најквалитетната ракометна домашна конкуренција -Супер лигата како амбиција за првата сезона беше најавуван пласманот токму  во плеј-офот. Во априлскиот плеј-оф од лигата на  првиот тим на Рк Вардар и екипата на Макс Струмица кои беа дирекни учесници ќе им се придружат екипите на: РК Металург, РК Охрид 2013, РК Прилеп 2010 и РК Работнички. Во следното 16.коло избраниците на Пепи Манасков младите вардарци ќе гостуваат кај “фенерџијата“ во лигата вториот тим од Автокоманда екипата на РК Металург-2. Овој меч е од ревијален карактер бидејќи каков и да е резулатот на истиот не носи посебни привилегии во продолжението од сезоната. На овој дуел ние сме фаворити, а истиот според натпреварувачкиот календар е закажан за утре, а место на одигрување ја има спортската сала во Автокоманда.