РК Вардар го одработи и последниот тренинг во СЦ. ”Јане Сандански” пред заминувањето за Полска. Гонзалес и Камара ги направија последните подготовки во нашата сала, следи патување за Полска, и адаптација на салата на Висла. Салата на Висла не е непознат терен за нашите момци, токму минатата година во 1/8 финалето настапивме пред полската публика.
Гонзалес пред заминувањето има проблеми со составувањето на тимот. Сигурно е дека Ф. Лазаров нема да настапи ниту на двата натпревари, Горбок има сеуште проблеми, но би требало да патува со екипата. Тргнувањето е во 07:00 часот наутро, а натпреварот се игра в среда во 18:30 часот.