Бобан Николов и Дарко Велковски се повикани во составот на Македонската репрезентација до 21 година, за квалификацискиот натпревар против репрезентацијата на Украина. Добрите игри во дресот на Вардар беа доволни за селекторот Благоја Милевски да ги вклучи во екипата за овој дуел, кој ќе се одигра на 5-ти септември со почеток од 16 часот. Два дена подоцна Македонската репрезентација ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Австралија.
Дуелот со Украина е во рамките на квалификациите за Европското првенство, кое во 2017 година ќе се одржи во Полска. Во составот за овие мечеви, не е повикан Јасир Асани. На негово место шанса доби Демир Имери од тимот на Хоризонт Турново. Инаку за двата натпреаври влезот ќе биде слободен за сите љубители на фудбалот во Македонија.