Тимот на Вардар доживеа нов пораз од Работнички (2:1), сосема заслужено попладнево градскиот ривал се радуваше на победа и три бода. “Црвено – црните” и на овој дуел делуваа многу немоќно, на крајот имаа и шанси за нерешено, но времето беше прекусо за нови голови. Со овој пораз речиси сигурно Вардар ја загуби титулата.
Вардар одново одигра разочарувачки 45. минути, тимот на Работнички по само седум минути имаше предност од два разлика. Вардар во првите 10. минути од мечот делуваше на тим кој не сака да игра. По “студениот туш” и двата гола на противникот, Вардар се обидуваше да свори некоја шанса барем да се врати резултатски во натпреварот но беше далеку oд тоа, за одбележување беа ударите на Попов на кој му го одбрани голманот Божиновски и на Барсегјан кој исто така се обиде од далечина да го совлада голманот на домаќините.
На стартот од вториот дел кај Вардар се направи двојна замена, во игра влегоа Дејан Блажевски и младиот Цветаноски за кој беше ова деби настап во дресот на Вардар, а од игра излегоа Попзлатанов и Тодороски. Првата голема шанса Вардар ја имаше во 46. минута Од левата страна нафрли Блажевски до Максимов кој што се најде осамен пред голот, но не ја зафати топката како што посакуваше, и шансата за гол пропадна. Ништо познајачно не се случуваше на дуелот во продолжението, Вардар ни на овој дуел немаше идеја како да го загрози голот на противникот. Гооол, конечно во 79. минута Вардар даде гол за возбудливи десет минути, нафрли од корнер Блажевски а Попов со глава успеа да погоди во мрежата и да го намали резултатот на 2:1. До крајот на мечот Вардар не успеа да дојде до нов гол и барем нерешено.