Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор“ лига: Победа и нерешен резултат за РК Урдаревски, во дуелите со Бисинов, кај генер. 2002/03
“Јуниор“ лига: Победа и нерешен резултат за РК Урдаревски, во дуелите со Бисинов, кај генер. 2002/03

“Јуниор“ лига: Победа и нерешен резултат за РК Урдаревски, во дуелите со Бисинов, кај генер. 2002/03

Денес во С.Р.Ц. Кале продолжија натпреварите од ракометната “Јуниор Лига“. Во машкиот дел кај генерацијата родени 2002/03 година се одиграа два натпревари и тоа двата беа помеѓу екипите на Урдаревски Бисинов од Велес.

Првиот меч одигран помеѓу овие две екипи им припадна на РК Урдаревски, кои во еден неизвесен натпревар славеа минимално со резултат 20:19 против Бисинов. Дека гледавме израмнет натпревар, говори фактот што во првото полувреме ниту една од екипите немаа поголема предност од еден гол. И Урдаревски и Бисинов постојано се менуваа во водство, за по истекот на првите 20 минути екипата на Бисинов да има водство од 9:10. Иста слика гледавме и во второто полувреме кога дури во девет наврати беше израмнет резултатот. Победникот се одлучи во последната минута, кога Урдаревски успеа да го скрши “мразот“ и да поведе со 20:18. Останаа уште 30 секунди за игра, доволни само Бисинов да намали на 20:19, што се покажа и како конечен резултат на крајот од овој прв меѓусебен натпревар на овие две екипи, во текот на денешната програма.

И вториот натпревар донесе голема неизвеност, а Бисинов има за што да жали бидејќи испушти победа. За разлика од првиот дуел на овој по стартните 2:2, екипата на Бисинов постигна три нови голови и се одлепија на 5:2. Гледавме ефикасен натпревар, на кој велешани одржуваа предност, која најмногу достигна до пет голови разлика и имаа контрола на играта. До крајот на првиот дел за да донесат интересно второ полувреме, екипата на Урдаревски го намали резултатот на 17:14.

Сепак во второто полувреме гледавме далеку понеизвесен меч, кога Урдаревски имаше фуриозен старт и со серија од 0:4, направија резултатски пресврт и поведоа со 17:18. Пресврти се случуваа во овој дел од мечот, имаше Урдаревски и водство од 18:19, за да се “разбудат“ момците на Бисинов и со четири голови во серија, да имаат солидна предност од 22:19. Имаа и водство од 25:23 во последните четири минути. Гледавме неизвесен финиш, кога резултатот беше израмнет на 25:25, за Бисинов да постигне гол и поведе со 26:25. Во последниот напад на Урдаревски беше направен фаул пред истекот на времето, по што требаше да се изведе само удар од девет метри. Сепак на голема радост на Урдаревски еден од нивните играчи успева да постигне гол и да донесе израмнување од 26:26.