Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за машката екипа на Урдаревски и женската на Кисела Вода, во дуелите од “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05
Победи за машката екипа на Урдаревски и женската на Кисела Вода, во дуелите од “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Победи за машката екипа на Урдаревски и женската на Кисела Вода, во дуелите од “Јуниор“ лигата, кај генер. 2004/05

Денес стартуваше ново коло во ракометната “Јуниор“ лига. Се одиграа два натпревари, кај генерацијата родени 2004/05 година и тоа по еден во машкиот и женскиот дел.

28277127_1603775649669275_7035967351919759213_n

Во машкиот дел, се сретнаа екипите на Урдаревски од Скопје и РК Филип од Прилеп, натпревар кој и припадна на РК Урдаревски. Скопската екипа добро го отвори натпреварот, кога поведе со 3:0. за во следните пет минути, екипата на Филип-Вардар да намали на 5:3. Сепак следи серија на Урдаревски кои постигнуваат три голови во серија и го зголемуваат резултатот на 8:3. Мини серија на прилепчани од два гола за резултат 8:5, за Урдаревски да врати со серија од 3:0 и да зголеми на највисоки 12:5. По истекот првите 20 минути, резултатот гласеше 13:7. Во вториот дел, следи серија на Урдаревски од 5:1, за веќе двоцифрена предност од 18:8. Сепак до крајот на натпреварот, избраниците на Таневски се погрижија да го ублажат поразот. Најпрво намалија на 18:12, за Урдаревски да постигне гол, но во последните пет минути серија на РК Филип од 1:5, за конечен резултат од 20:17 на овој дуел.

28167135_1603775699669270_3633660851686795974_n

Во женскиот дел победа забележа екипата на ОПШ.Кисела Вода во дуелот со РК Филип-Вардар. Интересно по првото полувреме, резултатот беше 9:0 во корист на Кисела Вода. Серијата продолжи и во вториот дел кога Кисела Вода го зголеми резултатот на 12:0, за првиот гол да го постигнат и прилепчанки за намалување на резултатот.

28468660_1603771046336402_3105135564371911612_n