Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар лесно го доби Работнички, помладите пионери стигнаа до четвртиот последователен триумф
Вардар лесно го доби Работнички, помладите пионери стигнаа до четвртиот последователен триумф

Вардар лесно го доби Работнички, помладите пионери стигнаа до четвртиот последователен триумф

Помладите пионери на ФК Вардар го добија дербито против екипата на Работнички (3:0). Утрово на теренот на Академијата, нашите млади надежи го добија градскиот ривал, на натпревар од 4.коло во помладата пионерска супер лига.

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Филевски, Фидановски, Стојилевски, Здравковски, Кулуковски, Спасиќ, Дошев, Цветков, Јовановски, Курти, Величковски (К).

3

Во првото полувреме не видовме многу шанси на двете страни, но падна еден гол во противничката мрежа, кој беше дело на капитенот Величковски. Првиот директен удар на дуелот го имаа вардарци, кога се обиде Арбин Курти, но одбрани голманот на Работнички. Сепак првата голема шанса за отварање на резултатот ја имаше гостинската екипа. Од десната страна после една добра акција на Работнички се создаде шанса за нив, еден од нивните играчи имаше отворена позиција, шутираше, но нашиот голман Филевски спаси чист погодок и негатива за Вардар. Од слободен удар се обиде гостинскиот играч, Мухамед Елмас, но Филевски е повторно на место.

4

Црвено-црните успеваат да го отворат резултатот и да поведат со 1:0 со голот на Никола Величковски. Јовановски додаде топка до Величковски, кој со освртување биеше од 20-сетина метри, топката заврши во долениот лев голмански агол, иако се обиде противничкиот чувар на мрежата да реагира, сепак ударот беше многу прецизен и заврши во мрежата на гостите, за предност на Вардар. До крајот на првото полувреме ќе ја одбележиме и шансата на Курти, кој се обиде од левата страна, упати удари, но одбрани противничкиот голман. По првите 45 минути резултатот гласеше 1:0 за Вардар.

1 5 6

Во вториот дел Вардар ја зголеми предност, откако реализираше два погодоци. Одличен гол постигна Горјан Цветков кој на асистенција од Величковски му донесе водство на Вардар од 2:0. Нашиот играч упати прецизен удар од 17 метри, совладан беше противничкиот голман за зголемување на резултатот. Екипата на Работнички имаше можност да го намали резултатот, но еден од нивните играчи биеше со глава крај голот, после нафрлена топка од корнер. Кај нас се обиде Јовановски, но одбрани голманот. Тренерот Стефановски направи три измени. Во игра влегоа Краљевски, Кузмановски и Јакимовски. Се играа последните минути од дуелот, кога Курти нафрли топка од левата страна, а Михаил Кузмановски немаше проблеми да ја внесе топката во мрежата, за конечни 3:0 на овој дерби дуел.

Ова беше четврта победа од исто толку одиграни натпревари за помладите поионери на Вардар, кои се зацврстуваат на првото место на табелата.