Sunday ,08 December 2019
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Нова убедлива победа за вардаровите кадети, на контролните натпревари
Нова убедлива победа за вардаровите кадети, на контролните натпревари

Нова убедлива победа за вардаровите кадети, на контролните натпревари

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар продолжуваат со одигрување на контролни натпревари пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Избраниците на Филип Деспотовски повторно спарингуваа со екипата на Македонија Ѓ.П, која ја совладаа убедливо со резултат 7:2, на меч кој се одигра на теренот во населбата Јане Сандански.

Вардар: Китановски, Петејчук, Костовски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Величковиќ, Ристовски, Демири, Спировски, Речица.

Уште во првата минута од мечот успеавме да го отвориме резултатот на 1:0, откако противничката мрежа ја погоди Давид Ристовски. Во следниот период следеше гол шоу на вардарци, еден ист играч успеа да ги постигне следните три гола за Вардар. Се работи за Муас Демири, со неговите голови, црвено-црните веќе имаа предност од 4:0. До крајот на првиот дел видовме по уште еден гол на двете страни. Најпрво нашите надежи зголемија на 5:0, со погодокот на Мартин Спировски, за тимот на Македонија Ѓ.П да постигне и почесен гол во првиот дел, за резултат 5:1 на полувреме.

Игравме добро и во вториот дел, во кој покрај постигнатите голови имавме уште неколку добри прилики. Со вториот погодок на Давид Ристовски, Вардар успева да поведе со 6:1. Следеше гол на противникот за намалување на 6:2, додека конечните 7:2 на овој пријателски натпревар ги постави Фисник Салиу.

Во среда, пријателски натпревар ќе одиграат младинците на ФК Вардар со екипата на Работнички. Стартот на сезоната е предвиден за 31.август.