Денес со почеток од 17:00 часот, актуелниот Шампион на Европа го игра финалето на турнирот во Требиње. Противник за црвено-црните ќе биде екипата на Металоластика од Шабац.
Вардар и Металопластика завршија на првото место во своите групи и на тој начин попладнево ќе се борат за трофејот на турнирот во Требиње. Вардар ги доби двата меча во својата група против екипите на Борац (34:30) и Леотар ( 38:18), додека Металопластика беше подобра во дуелите со екипите на Бутан Плин Изола (34:30) и против Извиѓач ( 29:21).
Интересно се работи за екипи, кои се двократни шампиони на Европа, па гледачите на турнирот ќе имаат можност да уживаат во денешниот спектакл. Во борба за третото место ќе се сретнат екипите на Борац и Изола.