Македонија во дуелот за 5.место е поразена од Белорусија, несфатливо можеби бидејќи имавме и шест гола предност, голман како Грујовска во ритам, напад кој функционираше на ниво. Сепак на крајот за жал впишуваме пораз со 40-36.
Дуелот почна рамноправно, ривалот постојано поведуваше ние изедначувавме. Во првите пет минути беше 3-3, од вардарките, голманот Симона Грујовска имаше две одбрани од кој еден пенал, таа повторно беше во ритам. Во напад погодија Ана Марија Коларовска и Стефанија Ѓорѓиевска. Во 15.минута водевме и со два разлика 10-8, откако Грујовска повторно фати пенал а во напад стрелаше Стефанија Ѓорѓиевска, свое гол-шоу имаше и Костовиќ. Ривалот изедначи со серија 1-3 на 11-11, имаше и напад за водство сепак Грујовска одбрани, веднаш клупата на црвено-жолтите побара минута одмор со цел да ја прекине доминацијата на белорусинките. На десет минути до крајот на првиот дел водевме со три плус, одигравме добри минути, со голот на Ѓорѓиевска поведовме со 15-12. Противникот се одлучи за “фластери“ на две наши девојки сепак, Коларовска и Седлоска беа подвижни и незадржливи. По одбрана на Грујовска во напад стрелаше Седлоска за првпат да одиме на плус четири, 17-13, веднаш потоа и поведовме со 18-13 во 23.минута. Во 25.минута ја имавме најголемата предност од шест гола, 20-14. Седлоска беше стрелец на овој гол, потоа Грујовска фати еден удар со нога, во „ала Штербик стил„ топката заврши во последните седишта на гледалиштето. Стандардно во последните минути се опуштаме и ни се топи предноста, па на одмор заминавме со само 22-19 за нас.
По десет минути игра резултатот беше само два предност за нас, 27-25. Ангела Грoздановска успеа да погоди по една контра, Грујовска фаќа денес веќе трети пенал, ние тоа го наградуваме од седмерец за 29-25. Опасно се закани ривалот кој намали на 30-31 во 48.минута , ние станавме конфузни во напад тоа го искористи ривалот изадначувајќи во продолжение. Пановски и Симовски веднаш побараа минута одмор со цел пред последните десетина минути да се консолидираме и да се вратиме во игра, имавме значајна предност која ја прокоцкавме. Ривалот поведе со 33-31, напаѓаже и за плус три, Грујовска фати одлично под гредата една топка, таа беше една од ретките која не го изгуби ритамот, тоа го награди Дамјановска со гол за 33-32. Во последните три минути влеговме со резултат 37-34, негативата беше непријатна, а времето кратко. Не можевме со пресинг да смениме нешто и бевме поразени со резултат 40-36.
Македонија заврши на шесттото место на ЕХФ Шампионатот во Италија. Симона Грујовска денес блесна во нејзин стил, таа повторно беше двоцифрена по два меча во кои немаше значаен придонес. Зад своето име имаше дури 19.одбрани од кои три пенала, а фати буквално три зицери кои сите ги видовме зад нејзиниот грб. Фани Ѓорѓиевска е МВП, таа стрелаше шест пати.