Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар бара победа и поддршка против Ѓорче
Вардар бара победа и поддршка против Ѓорче

Вардар бара победа и поддршка против Ѓорче

Со натпреварот на Вардар и Македонија ЃП, се затвора првото коло од новиот шампионат на Македонија во фудбал. Уште во првото коло, денес, Вардар има можност да направи предност од три бодата над Шкендија, тим кој што продолжува со лошите игри и порази, овој пат во домашниот шампионат од тимот на Академија Пандев.

Денес Вардарци одат на победа и старт каков што посакуваат. Иако противникот не е наивен, сепак, четата на Васоски знае што сака, тоа го најави и крилниот играч Владица Брдаровски, кој најави дека секако Вардар оди на три бода и очекувано отварање на првенството.

Во новата сезона Вардар влегува со тим спој на младост и искуство. Носен од капитенот Гачевски, дефанзивецот Новак, играчот од средината на теренот Мицевски, како и крилниот играч Брдаровски, потпомогнати од младите Ибиши, Колевски, Аврамовски, Серафимов, Цветаноски.. Вардар ќе се обиде чекор по чекор, од натпревар во натпревар да ја подигнува својата форма и да запишува знајачни, три бода од секоја средба.

Неколку  клучни податоци пред дуелот:
– Филип Најдовски поради повреда нема да настапи кај тимот на Вардар.
– Блажевски адут на Ѓорче, а ќе го нема одличниот минатата сезона Тантуровски.
– Добрата форма на Ибиши го радува Васоски.
– Брдаровски во новата сезона ќе игра како офанзивен бек.
– И оваа сезона кај тимот од Ѓорче, Робсон Да Силва најголема опасност по противничкиот гол.

Веројатен состав на ФК Вардар: Гачевски, Новак, Серафимов, Тошевски, Жуниор, Брдаровски, Мицевски, Адем, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши.

Дојдете на теренот на ФФМ од 17 и 30 часот да го бодриме Вардар. Предвиден е и ТВ пренос на МТВ-1.