Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар продолжува да „меле”, совладана и екипата на Ренова
Вардар продолжува да „меле”, совладана и екипата на Ренова

Вардар продолжува да „меле”, совладана и екипата на Ренова

Вардар дојде до нова победа во ПМФЛ откако попладнево беше подобар и заслужено ја совлада екипата на Ренова со резултат 2:0 (1:0). Со оваа победа, Вардар е на плус пет од екипата на А.Пандев. Во следното коло, Вардар гостува во Струга.

Вардар одигра супер прво полувреме и можеше да жали што имаше предност од само еден разлика. Уште во 11. минута Аврамовски наговести уште една супер негова партија, од 15-сетина метри биеше за малку покрај десниот дирек на Ренова. Шансите за Вардар се редеа, па така во 20. минута преку кој друг ако не Даниел Аврамовски, Вардар дојде до предност од 1:0. Одлична соло акција на Аврамовски кој од 12 метри прецизно шутира за водство на црвено – црните. Во 33. минута Аврамовски имаше нова добра шанса за гол и 2:0. Брдаровски одлично нафрли од корнер, го пронајде Аврамовски кој биеше добро со глава, но голманот на гостите одбрани и спречи нов гол. До крајот на првиот дел Вардар имаше уште неколку шанси за погодок, но не успеа. Гостинот во првиот дел речиси и да не се закани по сериозно кон голот на Гачевски.

Во вториот дел Ренова се ослободи и започна да игра по добар фудбал. Шанси имаше за гостинскиот тим, но без 100% закани. Во 65. минута, Реис Жуниор пропушти голема шанса да постигне гол и да зголеми на 2:0. Изби сам пред голот на Ренова, очи во очи со гостинскиот голман но Велии повторно поуспешен. Уште една супер шанса за Вардар во 73. минута. Тошевски претча половина терен и наместо да бие во голот на Ренова, се обиде да му додаде на Аврамовски, кој беше следен од еден противнички играч кој ја отстрани опасноста. Во 78. минута кај Вардар во игра влезе Велковски на местото на Жуниор. Во 90. минута печат на победата стави Јован Попзлатанов. Велковски биеше одкосо, Велии одбрани, а топката дојде до Попзлатанов кој од само неколку метри биеше прецизно за 2:0. Со овој резултат заврши денешниот дуел.