Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Рушити и Хасановиќ го решија Њу Старс, младинците на ФК Вардар стигнаа до победа
Рушити и Хасановиќ го решија Њу Старс, младинците на ФК Вардар стигнаа до победа

Рушити и Хасановиќ го решија Њу Старс, младинците на ФК Вардар стигнаа до победа

Младинците на ФК Вардар имаа победничко коло, откако денес на домашен терен ја совладаа екипата на Њу Стгарс. Црвено-црните славеа убедлив триумф со резултат 3:0.

Тренерот Ивановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски (c), Рушити, Ристовски, Цури, Демири и Трајановски. Играа уште: Хасановиќ, Ангелковски и Ацоски. 

74392405_10215552398745268_3996143627825840128_n

Првиот дел немаше големо темпо, двата тима претежно играа борбено на средината на теренот со повремени закани кон двата гола. Прва прилика имаа црвено-црните преку Мицевски, тој упати удар со глава крај голот. Гостинскиот тим се закани, одличен удар упати нивниот напаѓаќ со крајни напори нашиот голман Андов Матеј исфрли во корна. Рушити потоа имаше две прилики кои не ги претворивме во погодок, една закана имаа и гостите но со лизгачи старт од пред навалната линија топката во поле ја исфрли нашиот голман, Андов. Имавме целосна инцијатива во втората половина од првиот дел, Давид Ристовски се обиде со удар од 20.сетина метра топката мина крај левиот директ од голот на Њу Старс. Ние имавме повеќе посед во финишот, се обидовме да комбинираме на нивната половина. Последна прилика имаше Давид Ристовски, тој од работа на казнениот простор се обиде, топката мина за малку над гредата.

a4

Мадинците во вториот дел беа супериорни и успеаа да постигнат дури три гола. Прв кој се најде во прилика беше нововлезениот Малик Хасановиќ кој се ослободи од неколку играчи, биеше во крајниот удар, но одбрани голманот на Њу Старс. Уште една прилика имаше Хасановиќ кога со освртување биеше, но голманот на гостите се покажа како поуспешен. Прашање на време беше кога ќе успееме да го отвориме резултатот. Се обиде и Ристовски, но немаше реализација. Вардар успева да поведе со 1:0 со голот на Малик Хасановиќ, кој доби употреблива топка од Рушити, со неговиот гол го отворивме резултатот. Продолживме со офанзивната игра, што резултираше со нов гол во противничката мрежа.

a2

Во листата на стрелци се запишува Хиџрет Рушити, за водство од 2:0, откако доби одлична топка од Ристовски, нашиот напаѓач претвора во гол. До крајот на дуелот успеавме да постигнеме нов гол во противничката мрежа, втор денес за Рушити, кој ги постави конечните 3:0 на овој дуел од 8.коло во младинската супер лига.