Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките маршираат максимално, шеста победа по ред, совладан Алушовски на гости
Пионерките маршираат максимално, шеста победа по ред, совладан Алушовски на гости

Пионерките маршираат максимално, шеста победа по ред, совладан Алушовски на гости

Нивната доминација во пионерската лига е тотална, пионерките на ЖРК Вардар во шестто коло дојдоа до шестата победа. Девојките на Платон и Папуџиева на гостувањето кај РК Алушовски победија со резултат 24-14.

c c2

Ние доминиравме максимално, на оваа средба поведовме со 0-2 на почетокот, ривалот со гол ја преполови предноста. Од првиот момент се до крајот ние бевме во водство во ниеден момент противникот немаше позитивен резултат освен се разбира почетните 0-0. Некаде на средината на првиот дел поведовме со плус три, имавме двојно повеќе голови од ривалот, беше 3-6. Противникот успеа да одигра поангажирано и намали на само гол негатива, 6-7. Ние во последните минути одигравме помотивирано и заминавме на одмор со предност од два гола, 7-9.

c3

Вториот дел го започнавме со два везани гола и веднаш отидовме на плус четри, 7-11. Одигравме далеку подобро во одбраната, ги сопревме ударите кон нашиот гол, Ѓорѓиевска имаше неколку интервенции па сето тоа беше крунисано со високи седум гола предност, 11-18. Во продолжение се до крајот ние не попуштавме, ротацијата само ја засили нашата креативност, повторно Платон даваше шанса на целиот ростер. Победивме со двоцифрена предност на овој дуел, новиот шести триумф во пионерската лига дојде со резултат 14-24.

c4

Бојана Коцева денес одигра инспиративен дуел, таа погоди друри 8.пати. Четири гола ба дело нан Теодора Ангелова, по три гола во мрежата на Алушовски постигнаа на ова средба две девојки: Ива Ангеловска Наталија Максимовска.