Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВАРДАР ЈА СЛАВИ ТИТУЛАТА БРОЈ 11, ВЛАТКО ТИ СИ НАША ИКОНА!

ВАРДАР ЈА СЛАВИ ТИТУЛАТА БРОЈ 11, ВЛАТКО ТИ СИ НАША ИКОНА!

Вардар и официјално во овие моменти ќе ја подигне титулата број 11. Денешниот натпревар против Силекс недонесе големи возбудувања на теренот 0:0 (0:0). “Вардар Фанс” ги поздравува Грозданоски и Љамчевски на кои им беше ова последен натпревар во дресот на Вардар. Среќно понатаму на двајцата играчи!

Во првиот дел мрежите мируваа на двата голмани. Први на овој натпревар се обидоа гостите во 5 минута преку Ацевски, неговиот удар го одбрани Алексовски. Вардарци првата посериозна шанса во првиот дел ја имаа во 15 минута, по една одлична акција Брдаровски му асистираше на Блажевски кој биеше само крај голот на Силекс. До крајот на првиот дел Вардар имаше закани преку Блажевски, Грозданоски и Фелипе од слободен удар, но сите овие шанси не беа претворени во погодок.

fkv-sileksНа старот од вториот дел Вардар имаше три закани преку Грозданоски, Петковски и Николов, сите три удари завршија надвор од рамката на голот на Вујанац. Во 60 минута Седлоски направи двојна замена, во игра влегоа Глишиќ и Љамчевски на кога му е ова последен натпревар во дресот на Вардар, од игра излегоа Петковски и Демири. Во 61 минута Ацевски одлично биеше кон голот на Вардар меѓутоа уште подобро одбрани Игор Алексовски кој одби во корнер. Во 78 минута цел стадион стана и му аплаудираше на Влатко Грозданоски кој го одигра исто така последниот натпревар во дресот на Вардар. Фала ти Влатко за се, за сите убави моменти во “црвено – црниот” дрес низ годините. На местото на Влатко во игра влезе младиот Тодоровски. Со почетниот резултат 0:0 заврши овој натпревар кој беше без никакво резултатско значење.

fkv-grozdanoski