Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлива победа на Вардар генер. “2007”
Убедлива победа на Вардар генер. “2007”

Убедлива победа на Вардар генер. “2007”

ФК Вардар (1) генерација “2007” продолжи со убедливите победи во Детската лига. Попладнево нашите млади момчиња повторно надиграа противник, овој пат тоа беше тимот на Кул Здравје 2. Овој натпревар нашиот тим го доби со убедливи 7:1 (4:1)

Уште од почетокот на мечот нашите играчи започнаа напаѓачки, прв се закани Грашески, а потоа се редеа и шансите за нашиот тим. Прв кој го отвори овој меч беше Емир Саботиќ кој успешно стрелаше за водство на нашиот тим. Потоа во низата на погодоци до крајот на првиот дел во нашиот тим се запишаа и Борјан Томовски, Марко Киш и Драган Лебариќ. Кул Здравје успеа да постигне еден погодок во првиот дел.

17270263_10208840185824140_1965425506_nВториот дел започна исто  така убедливо за нашиот тим. Прв кој се запиша во листата во вториот дел беше Борјан Томовски кој погоди втор пат денеска за веќе 5:1. До крајот на мечот во листата се запишаа уште и Стефан Младеновски и Емир Саботиќ, за убедливи и конечни 7:1 за Вардар.