Младинците на Вардар Јуниор кои се предводени од Пепи Манасков стигнаа до втората последователна победа во пролетниот дел од младинската група 2. Денес на Кале, црвено-црните ја победија екипата на Макс М АД Струмица со резултат 28:23.
Одлично го отворивме натпреварот каде во првите пет минути имавме водство од 4:1, по што му дозволивме на противникот да постигне четири голови во серија и за прв пат на натпреварот да биде во предност од 4:5. Имаше Макс Струмица водство и од 5:6, но младинците на Вардар вратија со серија од три погодоци за повторно да ја вратат предноста од 8:6. Од тој момент па се до крајот на мечот, Вардарци постојано беа во водство и го контролираа реѕултатот. Повторно ги враќаме оние највисоки три голови разлика, стекнати на стартот на натпреварот (11:8) а со истава разлика заминуваме и на одмор кога резултатот на семафарот глaсеше 14:11
Одлично го стартувавме и второто полувреме кога постигнавме два последователни голови и зголемивме на најголеми пет гола (16:11), Како течеше натпреварот избраниците на Пепи Манасков играа се подобро и константно го зголемуваа водството. Во еден момент од мечот, екипата на Вардар имаше и убедливи 20:13, но гостинот не секаше предвреме да се предаде па одговори со три голови во серија да намали на 20:16 и да не дозволи предвреме да се реши победникот. Сепак Вардарци имаа целосна контрола на реѕултатот и не дозволија нивната предност да биде зaгрoзена. Имавме пет голови разлика на пет минути пред крај, а последните минути беа рутина ѕа нашиот состав кој стигна до триумф изразен со резултат 28:23.
Најефикасни во нашите редови беа Лука Благопетров и Иван Барлаковски кои постигнаа по 6 голови. Ова е вкупно четврта победа за Вардар Јуниор во својата група, а втора во пролетниот дел откако во претходното коло на гостински терен го совладавме Делчево.
РК Вардар Јуниор: Стојчевски, Јорданов 4, Овнарски, Јаховиќ 5, Барлаковски 6, Крстевски, Блажевски, Благопетров 6, Чупетрески 1, Стојановски, Каимовски, Хаџидимовски 4, Давчев 1, Василевски, Тевдовски, Симовски 1.