Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар поразени дома од А.Пандев
Пионерите на ФК Вардар поразени дома од А.Пандев

Пионерите на ФК Вардар поразени дома од А.Пандев

 Денес почна пролетнот дел во пионерската лига, во првото коло оваа пролет Вардар беше домаќин на екипата на Академија Пандев од Струмица. На мечот кој се одигра на теренот “Јане Сандански“ во Аеродром гостите со преврт дојдоа до победа со резултат 1-3. Вардар овој натпревар го почна со следните 11 фудбалери: Велковски, Адем, Калчиновски, Ѓорѓиевски, Димов, Дарлишта, Реџепи, Бериша, Битиќи, Антовски, Наумчевски.

44

Вардар ја имаше иницијативата на почетокот од првиот дел, тргнавме офанзивно од првата минута. Прва прилика забележавме преку Саит Битиќи кој не успеа да погоди. Потоа од лево се обиде Кренар Дарлишта кој погоди неколку сантиметри покрај дирекот. Голема прилика пропушти нашиот капитен Бериша Јакуп кој погоди над гредата од голот на Каракиров. Напаѓавме постојано голема шанса имае уште еднаш преку истиот играч. Конечно дојде и голот за водство одлично нафрли Дарлишата до новакот во нашиот состав Фитор Реџепи кој погодува за 1-0, тоа е неговиот прв дебитански гол во црвено-црниот дел од како на полусезоната премина во нашите редови. Гостите од Струмица имаа одлична прилика токму он со глава расчисти од пред нашиот гол и исфрли во поле. Следеа минути на мирна игра без големи шанси на двете страни во последните десет минути од првиот период на овој пионерски дуел. До крајот за одбележување е  кога одлично прифаќа Мето Велковски после еден опасен центаршут, тоа беше последната прилика во првиот дел.

444 4444

Вториот дел започна со офанзива на Академија Пандев која по две минути изедначи на 1-1. На работ на казнениот простор осамен прими топка нивниот капитен Иваноски Зоран кој погоди за 1-1. Напаѓаме постојано за да поведеме повторно шанса имаше Битиќи кој шутна крај голот. Одлична прилика по центаршут имаше Димов Христијан кој биеше одлично, но голманот на Академија Пандев Каракиров прифати , Дарлишта се обидува да го разигра тимот и е во постојан атак. Радевски Јовица дебитираше за пионерите од како влезе на место на Калчиновски Анел. Струмичани ја искористија приликата и по една контра погодија од дистанца за 1-2 преку Скенери кој успеаа да го совлада Велковски Мето. Голема шанса имаше Битиќи Саит кој со глава шутна крај статива по одличен центаршут од десно кој го упати Дарлишта Кренар после еден прекрасен продор покрај аут линијата. Се обидуваме да изедначиме напаѓавме постојано во овој периот од второто полувреме на овој пионерски дуел. Гостите повторно не казнија и погодија за водство од 1-3, по една контра погоди Ристовски Никола кој стрелаше за водсто од два гола на струмичкиот пионерски состав. Антовски Филип изведе одличен слободен удар од 25 метри, голманот на А.Пандев со крајни напори топката ја исфрли во нов корнер за црвено-црните. На крајот конечениот резултат е 1:3.

Пионерите на лош начин го отворија пролетниот дел каде пред ова коло има еден бод помалку од екипата на Шкупи, која е лидер на табелата.